Вучиќ: косовската војска ќе биде формирана на 28 ноември

Архива: српскиот претседател Александар Вучиќ.

Имам сознанија дека на 28 ноември ќе биде формирана косовската војска, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на денешна прес-конференција по владината седница со Србите од Косово.

Според него, Албанците имаат намера на Денот на албанското знаме да го прослават и одбележат со создавање војска на Косово.

„Тоа е спротивно и на нивниот Устав и на сите меѓународни договори, и на Резолуцијата 1244 и на кумановскиот договор, и на Бриселскиот договор и на бриселскиот договор кој го имаат со НАТО“, изјави Вучиќ.

Тој ги повика Србите од Косово да не учествуваат во формирањето на косовската армија, бидејќи, како што рече, Албанците формираат војска „за ништо друго освен да ја искористат еден ден за да пукаат на Србите“.