Каменуван косовски автобус во Србија

Илустрација: Автобуската станица во Приштина

Автобус со патници од Косово е каменуван од засега непознати лица синоќа во српскиот град Крушевац, јави дописникот на МИА од Приштина. Еден од патниците во автобусот, Ука Халилај, заКосовската радио-телевизија (РТК) изјави дека нападот со камења, при што е распукана шофершајбната на автобусот, се случил минатата ноќ околу 22:20, а припадници на српската полиција пристигнале на местото на настанот 15 минути подоцна. Автобусот сообраќа на релацијата Приштина-Виена и по увидот на полицијата го продолжил патот.