Американското министерство за одбрана соопшти дека ќе испрати над 5.000 војници да ја „засцврстат“ јужната граница против мигрантскиот караван кој се движи низ Мексико. Генерал Терен О’ Шонеси им изјави на новинарите дека на границата веќе се наоѓале околу осумстотини војници и оти тие ќе останат таму до крајот на неделата. На границата со Мексико има и околу 2.000 припадници на Националната гарда. Карванот со мигранти извесно време полека се движи од Централна Америка кон север, но бројот мигранти почна да опаѓа.
Пентагон испраќа над 5.000 војници на границата со Мексико
Карванот со мигранти извесно време полека се движи од Централна Америка кон север