Ракомет- Македонија за два гола разлика изгуби од Грција

Архивска фотографија- Ракометна репрезентација на Македонија

Со два гола разлика македонската ракометна репрезентација вечерва изгуби од репрезентацијата на Грција. На натпреварот што се играше под засилени безбедносни мерки во грчкото место Кожани грчките ракометари дадоа 28 гола, а македонските 26 гола. Овој беше втор натпревар на македонската машка ракометна репрезентација од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година. Македонија се сметаше за фаворит во натпреварот.