Сопственикот на фубалскиот клуб Лестер, Вишаи Шривадханапраба, тајландски милијардер, бил меѓу петмината во хелихоптерот кој се урна по натпреварот во Премиер лигата вчера, рекол извор близок до клубот, а пренесува агенцијата Ројтерс.
Во леталото биле и една од двете негови ќерки, двајца пилоти, а идентитетот на петиот е се уште непознат, рекол истиот извор, според кој и се уште нема детали за тоа дали има некој преживеан во несреќата.
Се уште нема ниту официцијално соопштение кој се бил во хелихоптерот, а нема ниту официјални изјави од полицијата и клубот. Несреќата се случи синоќа по натреварот на Лестер против Вест Хам, по кој сопственикот си заминал со хелихоптер, нешто што било вообичаено за него по секој меч.