Матис: убиството на Кашоги влијае на регионалната стабилност

Бахреин-Министерот за одбрана на САД Џим Матис на меѓународната безбедносна конференција во Манама

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави Џим Матис на меѓународната безбедносна конференција што се одржува во Манама, главниот град на Бахреин, рече дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги ја “подрива регионалната стабилност”. Матис предупреди и дека Стејт Департментот ќе преземе понатамошни мерки како одговор на убиството.

Ако се земе предвид дека мирот и почитувањето на човековите права е во наш заеднички интерес, рече Матис, убиството на Кашоги во едно дипломатско опкружување треба сите нас да не загрижи.

“Кога една држава ќе престане да ги почитува меѓународните норми и закони, таа ќе ја ослаби регионалната стабилност во момент кога е најпотребна” рече тој.

Матис инсистираше на сериозноста на ситуацијата, но остана воздржан за политичките последици, додавајќи дека ќе продолжат консултациите со претседателот и со државниот секретар на САД.