Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) открила ќелија на Исламска држава (ИД), која планирала да изврши големи терористички напади во Москва.
„Шест членови на тајна ќелија, која е поврзана со меѓународната терористичка организација Исламска држава, се уапсени во московски регион. Со ќелијата управувале претставници со седиште во Сирија, а со потекло од Централна Азија“, соопшти Федерална служба за безбедност.
Од ФСБ информираат дека притворените планирале да извршат големи терористички напади во Москва, „користејќи огнено оружје и импровизирани експлозивни направи.