Бошњаковски: Консултациите за амандманите за уставните измени не се завршени

Координациите за усогласувањето за измените на Уставот се уште не се завршени, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени и доставени до Собранието за нивно финализирање“, изјави Бошњаковски за МИА.

Бошњаковски не прецизира кога би можело тоа да се случи, по најавите дека дел од амандманите би можеле денеска да се достават до пратениците, а по одредувањето на 15-дневниот рок за достава и најавата од премиерот Зоран Заев дека амандманите би можеле да бидат доставени и порано.