Ердоган: Каде е телото на Кашоги?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поднесе нови барања до Саудиска Арабија да ја откријат локацијата на телото на Џамал Кашоги и да кажат кој го наредил негово убиство, укажувајќи дека Анкара е подготвена да продолжи да врши притисок врз Саудиска Арабија, која се обидува да најде начини да излезе од кризата предизвикана со убиството на новинарот, објави британскиот весник Гардијан.

„Осумнаесете лица уапсени во Саудиска Арабија мора да знаат кој го уби новинарот и каде се однесени неговите останки“, рече Ердоган во турскиот Парламент.