Мицотакис: нема да поддржиме договор што отстапува македонски јазик

Архива: лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис.

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис од Солун го повтори ставот дека нема да го поддржи Договорот од Преспа, истакнувајќи дека не можат да поддржат договор што отстапува македонски јазик и македонска националност.

„Секако од овде, од нашата Македонија, имаме и еден долг повеќе да се посетиме на славните страници од нашата историја. Бидејќи почнува реализацијата на настани што се на товар на националните интереси, повторно да потсетиме дека ние како Нова демократија нема да поддржиме никаков договор што отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи“, рече Мицотакис од Солун, пренесува МИА.