Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави дека Вашингтон ги преземал сите неопходни санкции против Русија во врска со војната против Грузија во 2018 година.
Болтон пред новинарите во Тбилиси, по денешните средби со високите грузиски претставници, рече дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и независноста на Грузија.
Русија ги поддржува сепаратистичките лидери во Јужна Осетија и Абхазија, кои се оттргнаа од контролата на грузиската централна власт во раните 90-ти години, а Москва во август 2008 година започна петдневна војна со Тбилиси за двата региони.
Русија го засили своето воено присуство во двата региони откако ги призна како независни држави. Но, големо мнозинство земји ги отфрлија тврдењата за независност на регионите и го споделуваа ставот на Тбилиси дека тоа е окупирана територија од Русија.
Болтон исто така рече дека САД го поканиле рускиот претседател Владимир Путин во Вашингтон, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп кратко ќе разговара на маргините на одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна во Париз.