Хилари Клинтон: САД минуваат низ вознемирувачки период

сомнителниот пакет упатен до Си Ен Ен телевизијата

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД минуваат низ „вознемирувачки период“. „Ова е период на длабоки поделби и затоа треба да се обединиме заедно“, рече Клинтон во Мајами, каде што треба да учествува на еден предизборен митинг. Таа реагираше на неколкуте сомнителни пакети упатени до неа, поранешниот претседател Барак Обама, седиштето на Си Ен Ен телевизијата во Њујорк, како и канцелариите на неколку членови на Демократската партија. Инцидентите се случија во пресрет на парламентарните избори закажани за 6 ноември во САД.