Трамп го осуди испраќањето сомнителни пакети со експлозив

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди обидот да се испратат сомнителни пакети во домот на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, која му е сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, како и во седиштето на медиумот Си-Ен-Ен и компанијата Тајм Ворнер.

Трамп на Твитер ја сподели пораката на потпретседателот Мајк Пенс и рече дека „целосно се согласува“.

И Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности.

Американската тајна служба претходно соопшти дека пресретнала „потенцијални експлозивни направи“ кои биле наменети за домовите на Обама и Клинтон. Поради сомнителен пакет се евакуирани зградата на компанијата „Тајм Ворнер“ и дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк.

Во понеделникот сомнителен пакет бил испратен и до домот на Џорџ Сорос.