Нема да има собраниска комисија за испитување на референдумот

Пратениците на денешната седница не ја усвоија одлуката за формирање анкетна комисија за испитување на референдумот од 30 септември. Одлуката ја поддржаа осум пратеници, а 60 беа против.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за време на референдумот имало нерегуларности, па затоа и побараа собраниска анкетна комисија која ќе го испита тоа.

На денешната седница пратениците меѓу другото усвоија и нов закон за обештетување на стечајците.