Груевски посакува ВМРО-ДПМНЕ да биде силно и обединето

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањето во партијата на која тој долги години беше лидер. Разрешувањата уследија по одлуката на дел пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“ почеток на уставните измени. Тој на пауза од рочиштето за „Титаник” изјави дека нема да ги коментира случувањата во партијата, но рече дека посакува силна и обединета партија.

Груевски кој е осуден во случајот Тенк и кој според пресудата треба деновиве да се јави во затвор, рече дека ја добил пресудата и дека ќе ги искористи сите правни можности за одложување на казната.

На денешното рочиште за случајот „Титаник”, во кој еден од обвинет е и Груевски, се слушаа прислушувани разговори.