Кинескиот претседател Ши Ѓинпинг денес официјално го отвори најдолгиот морски мост на церемонијата во јужниот град Чухаи. Мегапроектот вреден 20 милијарди долари ја поврзува континенталната Кина со полуавтономните територии Хонгконг и Макао, со мост од 55 километри, кој се градеше речиси девет години.
Тоа е клучен елемент на планот на Кина за Голема заливска област, која опфаќа 56.500 квадратни километри јужно од Кина, а во неа има 11 града, вклучувајќи ги Хонгконг и Макао, кои се дом на 68 милиони луѓе.