Русија и Пакистан ги започнаа воените вежби „Дружба-2018“

Пакистан: руски трупи излегуваат од воен авион по пристигнувањето во пакистанска воена база на непозната локација. 22.10.2018

Околу 200 руски и пакистански трупи започнаа заедничка воена вежба во планинската провинција Кибер Паштунхва, во северозападниот дел на Пакистан.

Контингент со повеќе од 70 трупи од бригада од републиката Карачи – Черкесија на Северен Кавказ, учествува во вежбите „Дружба-2018“, соопшти рускиот Јужен воен округ.

Воените вежби треба да траат до 4 ноември. Воената вежба „Дружба“ редовно се одржува од 2016 година. Минатата година повеќе од 200 војници учествуваа во вежбите кои се одржаа на планините на Карачи-Черкесија.

Целта на воените вежби е да се зајакне соработката меѓу војските на двете земји и да се размени професионално искуство, особено во борбата против тероризмот.

Исламски милитанти се присутни и во Кибер Паштунхва и на Северниот Кавказ.

Пакистан и Русија во 2014 година потпишаа договор за соработка во одбраната, кој предвидува соработка за унапредување на меѓународната безбедност.