За Санадер 2,5 години затвор за воено профитерство

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

На поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска му беа изречени две неправосилни пресуди според кои за земање провизија во предметот Хипо, односно за воено профитерство, е осуден на 2,5 години затвор. Тој е ослободен во предметот за незаконско овозможување купување електрична енергија за фирмата ХЕП Диоки.

Од апсењето на Санадер поминаа осум години, и против него сега се водат шест кривични постапки.

Врз основа на пресудата, Санадер е должен во државниот буџет да врати имотна корист стекната противзаконски од околу 3,6 милиони куни, односно околу половина милион евра. Таа сума мора да ја плати во буџетот во рок од 15 дена откако пресудата ќе стане правосилна.

Образлагајќи ја пресудата, судијката Јасна Галешиќ рече дека поранешниот премиер „ја искористил својата функција и овластувања и извршил дела против службената должност и воено профитерство“.