Почина возачот на рикша кој се самозапали зашто нејќел да плати мито во Пакистан

Илустрација: Рикша во Пакистан

Почина возачот на рикша кој се самозапали во знак на протест поради наводна изнуда од страна на полицијата во најголемиот град во Пакистан, Карачи, соопштија властите. Локалните власти информираат дека Мохамад Халид денеска им подлегнал на повредите во болницата во Карачи, два дека откако се самозапали пред полициска станица.

Според извештаите, Халид одбил да му плати мито на сообраќаен полицаец, кој потоа го казнил возачот на рикша во висина на една четвртина од дневната заработувачка.

Шефот на полицијата во Карачи го суспендира осомничениот полицаец и нареди истрага за случајот. Тој исто така им наложи на полицајците да не им пишуваат драстични парични казни на возачите на рикши за сообраќајни прекршоци.

Рикша е возило со три тркала за превоз на патници.