Спасовски: постојат реални закани кон пратеници и нивните семејства

Архива: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Постојат реални закани кон пратениците, претежно оние кои гласаа за почнување на процесот за уставните измени, и тие ќе бидат обезбедувани до оној момент додека таа проценка не биде поинаква, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој истакна дека сите пратеници кои гласаа за иницијативата за уставни измени се обезбедувани, откако била направена безбедносна проценка дека имаат реални закани преку Фејсбук и другите социјални мрежи, но и директни закани до нив и до нивните семејства и закани за уништување на нивниот имот.

„Секој кој ќе се обиде да внесе таква несигурност кон граѓаните ќе биде санкциониран“, рече Спасовски.

Тој додаде дека заканите доаѓаат и од група блиска до иницијативата „Бојкотирам.“