Се преврте чамец со мигранти кај турскиот брег, двајца загинати

Илустративна фотографија.

Чамец со бегалци и мигранти се преврте на околу 50 метри од западниот брег на Турција во близина на Бодрум, при што загинаа најмалку две лица, објави новинската агенција АНА-МПА.

Според информациите на грчките медиуми, во чамецот се превезувале околу 30 лица, 15 биле биле спасени, тројца успеале сами да испливаат до брегот, а двајца починале во болница.

Во тек е спасувачка акција на турската крајбрежна служба во случај да има исчезнати лица. Националноста на мигрантите се уште не е позната, а мигрантите најверојатно сакале да стигнат до некој од грчките острови.