Стејт Департментот ја поздрави одлуката за почеток на уставните измени

Хедер Ноерт, портпаролка на Стејт Департментот

Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Македонија за започнување на процесот на уставни измени, што се потребни за имплементација на Преспанскиот договор со Грција, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Ноерт.

“Соединетите Држави веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот”, се вели во писмената изјава на Ноерт, по повод одлуката на македонското собрание за почеток на уставните измени.