Најмалку девет лица загинаа во експлозии во близина на избирачки места во Кабул

Девет лица загинаа, а околу 110 се повредени во неколку експлозии кои се случија денеска во близина на избирачките места во главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти. Министерството за внатрешни работи информира за околу 15 експлозии во земјата во близина на гласачките места. Во Авганистан денеска се одржуваат парламентарни избори, освен во провинцијата Кандахар, каде гласањето е одложено за една седмица по убиството на локален полициски началник.