Вајгл: Пратениците кои гласаа "за" ги зашититија виталните интереси на граѓаните

Известувачот за Македонија во ЕП Иво Вајгл

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави единството на македонското Собрание кое го отвора патот кон ЕУ и НАТО.

Вајгл истакна дека несомнено патот до одлуката на членовите на Собранието беше „драматична“ и „тесна“, но дека со неа пратениците ги „заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“.

"Посебно признание оди за претставниците од опозицијата кои преземаа одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржаа европската и евроатлантската иднина на својата држава", напиша Вајгл.

Известувачот потсетува дека пет години по ред ја поддржува Македонија и смета дека како земја членка на ЕУ таа ќе придонесе за стабилноста на југоисточна Европа.