ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа „за“

Архивска фотографија- Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата која ја одржа на полноќ во партиското седиште соопшти дека извршниот комитет на партијата донел одлука да ги исклучи од партијата седумте нивни членови кои вечерва гласаа за пристапување кон уставните измени. Мицкоски ги наброја пратениците Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ.

“Волјата од референдумот беше погазена од две третини, но и осуммина пратеници кои тргнаа против волјата на граѓаните. На ова претходеа силни притисоци и закани, ослободување од обвиненијата кои се политички прогон” рече Мицкоски.

Според него вечерва се случило силување на демократијата и срамно дело кое ќе се паметело. Тој ги повтори тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците биле под закани и уцени, а дека им се нудел и поткуп.

“Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија ” рече Мицкоски.