ВМРО-ДПМНЕ: обвинителството да ги испита наводите за притисоци врз пратеници

Архивска фотографија- седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во соопштение наведуваат дека согласно член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, “седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку”.

“До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена”, наведуваат од партијата.

Во соопштение пишуваат и дека пратеничката група апелирала до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието бил вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијаело врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени.

“Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците”, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.