Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „навистина изгледа“ оти исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е мртов. Тој додаде дека последиците по Саудијците мора да бидат многу остри, доколку се утврди дека тие го убиле. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го запозна Трамп со резултатите од неговата посета на Саудиска Арабија и Турција. Американските власти соопштија дека на Ријад му даваат неколку денови да го расветли случајот со Кашоги на кој му се губи трагата на 2 октомври кога влегол во саудискиот конзулат во Истанбул.
Трамп: изгледа дека саудискиот новинар навистина е мртов
Американскиот претседател Доналд Трамп