Лидерите на ЕУ се заложија за систем на казнување на сајбер нападите

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Лидерите на Европската унија на состанокот во Брисел се заложија за формирање систем на санкционирање на одговорните за хакерски напади по обидот за таков напад врз мрежата на Организацијата за забрана на хемиското оружје чие седиште е во Холандија. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека таквиот систем би помогнал во заштитата на податоците на интернет на „граѓаните, претпријатијата и институциите“. Лидерите на ЕУ се загрижени дека такви напади би можело да има пред изборите за Европскиот парламент закажани за мај 2019 година.