Србија: новите косовски закони за безбедност се закана за мирот

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин

Собранието на Косово даде прелиминарно одобрување на законите за зголемување на бројот и на ингеренциите на косовските безбедносни сили. Сите партии во парламентот, освен Српската листа одобрија три предлог закони за проширување на мандатот на Косовските безбедносни сили. Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека овој потег претставува закана за мирот и опасност за Србија и Србите. „Не може да има други вооружени сили на Косово освен КФОР се додека е во сила резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, рече Вулин.