Кукан и Мекалистер: Пратениците сега ја имаат клучната одговорност за иднината

Договорот од Преспа е историска можност да се обезбеди европската иднина на БЈРМ. Влезот во ЕУ е стратешка определба базирана на вредносни судови, со што помирувањето, добрите меѓуетнички и соседски односи како клучни компоненти од политиката на проширување на Унијата. Пратениците во Собранието – слободни и по сопствено убедување – имаат клучна одговорност во одредување на политичката насока на земјата, се огласија денеска со заедничка порака вропратениците Едвард Кукан и Дејвид Мекалистер.

Тие наведуваат дека го разбираат тешкиот избор поврзан со имплементацијата на договорот од Преспа.

„Но, и покрај тоа, веруваме дека сите политички актери ќе ја искористат оваа уникатна можност за конструктивно да ја обликуваат евро-атлантската иднина на БЈРМ. Користејќи ја оваа можност, Парламентот треба да ја преземе одговорноста и да го трасира патот кон успешна и напредна европска држава“, порачаа Кукан и Мекалистер.