Путин: Трагедијата во Керч е резултат и на глобализацијата и интернетот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека трагедијата на Политехничкиот колеџ во кримскиот град Керч, помеѓу другото, е резултат на глобализацијата преку социјалните мрежи и интернетот, каде има многу штетни содржини за младите луѓе.

„Вчерашната трагедија очигледно е резултат на глобализацијата, помеѓу другото, колку чудно да изгледа тоа. На социјалните мрежи и на интернет гледаме како таму се формираат заедници. Се почна со добро познатите трагични настани во училиштата во САД“, изјави Путин, еден ден по нападот во кој загинаа 21 лице, а 44беа повредени.