Османи до Коѕијас: Драг пријателе, благодарам за сè

Постојат неколку моменти во животот кои може да се именуваат како историски. Почитуван Никос Коѕијас, имавме задоволство заеднички да создаваме такви моменти, правејќи историски пат за двете наши земји. Драг пријателе, благодарам за сè, му порача македонскиот вицеремиер Бујар Османи на Никос Коѕијас, кој вчера неочекувано си поднесе оставка од функцијата.

Претходно на Коѕијас му се заблагодарија и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со кого заедно го потпишаат Договорот од Преспа, како и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.