Купер: размената на територии може да биде добра идеја

Британскиот дипломат и поранешен посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер

Британскиот дипломат и поранешен посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер изјави дека размената на територии меѓу Србија и Косово не била лоѓа идеја, но оти мора да биде изведена претпазливо. Купер на Белградскиот безбедносен форум додаде дека таквите работи се многу тешки за политичките лидери и оти во такви ситуации „треба да им се даде време“. Според него, охрабрува фактот што лидерите на двете страни разговараат сериозно.