Помпео наскоро очекува решение за санкциите кон Турција

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека очекува наскоро да биде најдено решение за санкциите на САД кон Турција. ,Дел од овие санкции беа воведени поради приведувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон во Турција, кој пред неколку дена беше ослободен од домашен притвор и веќе се врати во САД.

Како што соопшти претходно Стејт департментот, главна тема на средбите на Помпео со неговите турски домаќини бил случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги. Кашоги исчезна на 2 октомври откако се упатил во Саудискиот конзулат во Истанбул за да обезбеди документи за неговата венчавка, по што му се губи секоја трага. Постојат сомнежи дека Кашоги бил убиен во Конзулатот.