Ученик го извршил нападот во Крим, најмалку 17 жртви

Жртва од нападот во Крим

Руските власти соопштија дека 17 учеици и вработени во политехничко училиште во Крим се убиени во бомбашки и вооружен напад, спроведен од еден ученик, кој потоа се самоубил.

Најмалку 50 лица биле повредени во нападот во градот Керч. Портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко изјави дека се работи за напад кој не е поврзан со тероризам, но се уште не се знае мотивот. Според неа, нападот го извршил 18 годишниот ученик Владислав Рослаков.