Загинати и повредени при експлозија во техничко школо во кримскиот град Керч

Експлозија во техничко-металуршкото школо во кримскиот град Керх. 17.08.2018.

Очевидци велат дека експлозија во кримскиот град Керч предизвикала жртви, а во руските извештаи е наведено дека е можно да се загинати десет лица. Руските новински агенции цитираат извори од центарот за контратероризам кој велат дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.

Експлозијата се случила денеска во едукативна институција во градот на источниот дел на полуостровот, кој Русија го презема од Украина во 2014 година.

Претходно, руската државна новинска агенција РИА цитираше неименуван извор од службата за итни случаи кој вели дека се случила експлозија на гас во политехничкиот колеџ и оти десет лица се загината, а 40 повредени.

ТАСС исто така цитира неименуван службеник кој вели дека околу 70 лица се повредени, а непознат број загинале. Новинската агенција цитира и медицински работник кој вели дека 18 лица се хоспитализирани и оти очекуваат уште повредени лица.

Очевидци велат дека амбулантни и други возила за итни случаи се упатиле кон местото на експлозијата, која според некои извештаи се случила во кафетеријата.