Украински авион се урна на вежби на НАТО, загинаа двајца пилоти

Украински борбен авион Су-27 лета за време на мултинационалните воени вежби на "Чисто небо" 2018.

Украински борбен авион се урна за време на воздушните вежби со земјите на НАТО, при што загинаа двајца пилоти, јави украинската армија. Портпаролот на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат, изјави дека Су-27 учествувал во 12-дневните вежби " Чисто Небо" 2018 година, што се одржуваат во западна Украина ", објавија агенциите. САД и седум други земји на НАТО учествуваат во вежбите.