Украинскиот режисер Сенцов во многу тешка здравствена состојба

Протести во Киев на кои се бара ослободување на решисерот Олег Сенцов од затвор

Украинскиот режисер Олег Сенцов, кој на почетокот на овој месец го заврши својот петмесечен штрајк со глад во рускиот затвор, можеби нема да преживее поради оштетување на своето здравје, изјави неговата братучедка во Украина .

"Речиси сите негови органи се сериозно засегнати, вклучително и црниот дроб, срцето и мозокот", изјави Наталија Каплан за новинарите во Киев.

Сенцов, кој се спротивстави на преземањето на украинскиот полуостров во 2014 година, отслужува 20-годишна затворска казна во северниот руски северен регион Јамало-Ненец. Тој беше осуден за тероризам во судењето за кое тој и групите за човекови права и западните влади тврдеа дека е политички мотивирано.

Режисерот започна штрајк со глад на 14 мај, барајќи од Русија да ослободи 64 Украинци кои тој ги смета за политички затвореници во Русија. Тој го заврши штрајкот на 6-ти октомври, велејќи дека тој морал да го стори тоа за да ги спречи затворските власти да го хранат против негова воља.