Десетици авганистански полицајци се убиени во два денешни напади на Талибанците во северен и централен Авганистан, неколку дена пред парламентарните избори кои милитантите се закануваат дека ќе ги нарушат.
Неколку полицајци се убиени во напад во провинцијата Саманган, вклучително заменик шефот на провинцијата, изјави провинцискиот гувернер Абдул Латиф Ибрахими.
Талибанските борци нападнаа и преземаа неколку пунктови во областа Дари Суф, вклучително и седиштето на полициското разузнавање, изјавија претставниците на провинцискиот Совет Сефатула Самангани и Мохамед Пазир Басееј.
Ибрахими рече дека седум полицајци биле убиени и други пет повредени во нападот. Претставниците на советот велат дека бројот на загинати може да достигне до 20 лица.