Власта заборава да се грижи за секојдневниот живот на граѓаните кои се соочуваат со поскапување на цените, економска блокада, разновидни проблеми во образованието и здравството како и со наголемиот проблем - заминувањето на младите надвор од државата, соопшти БЕСА.
„Денеска сме сведоци дека по којзнае кој пат се покачува цената на нафтенитте деривати, отежнувајќи го повеќе буџетот на граѓаните и на бизнис секторот“, велат од кабинетот на Биљал Касами.
Оттаму наведуваат дека од почетокот на 2016 година нафтата имала цена 39 денари, во декември 2017 година нафтата достигнала цена од 54.50 денaри, а денеска е 69 денари, со тоа што денешната цена е повисока за 77%.
„Во услови кога платите на државната администрација, наставниците, лекарите се во исти износи, ние слободно може да заклучиме дека политиките на оваа влада се тотално неуспешни и животниот стандард на граѓаните не останал ист, туку се отежнува секојдневно“, велат од БЕСА.
Од партијата апелираат до власта да се фокусира на евроинтеграциите и на секојдневните проблеми на граѓаните, кои од разочареноста и големата сиромаштија „единствен спас гледаат емиграција од своите родни огништа, со намера да веќе никогаш се враќаат во истите.“