Јавноста исклучена од сведочењето на загрозениот сведок за „крвавиот четврток“

Архива: почеток на судeњето за насилствата во Собранието на 27 април 2017.

Денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април продолжи со испитување на загрозениот сведок „С1“, а со цел да биде заштитен претседателката на Судскиот совет Добрила Кацарска ја исклучи јавноста од денешното рочиште. Судијката Кацарска на денешното рочиште дозволи присуство само на ОБСЕ и претставник од Амбасадата на САД.

Пред почетокот на рочиштето судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за посебен начин на испитување на загрозениот сведок, како и барањето на одбраната да се овозможи пауза по директното сослушувње од Јавното обвинителство за подобра подготовка на одбраната за вкрстено испрашување на сведокот.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за помагање на делото. Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.