Помпео во посета на Саудиска Арабија за исчезнувањето на новинарот Кашоги

Државниот секретар на САД Мајк Помпео со саудискиот министер за надворешни работи по пристигнувањето во Ријад. 16.10.2018.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Саудиска Арабија да разговара со кралот на земјата во врска исчезнувањето на наводното убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати Помпео во кралството откако разговараше со кралот на Саудиска Арабија за исчезнувањето на Кашоги. Трамп изјави дека кралот Салман „негирал“ било какво сознание за она што би можело да му се случи на Кашоги, кој пишуваше критички за саудискиот принц Мухамед бин Салман.

Помпео исто така ќе разговара со саудискиот принц, вели неименуван претставник на САД.

Во меѓувреме, турскиот форензички тим денеска го заврши претресот на саудискиот конзулат во Истанбул.

Помпео ќе застане во Турција по неговото патување во Саудиска Арабија, изјави портпаролот за Советот за национална безбедност.

Кашоги исчезна по посетата на конзулатот пред две недели. Турските претставници стравуваат дека тој бил убиен. Саудиска Арабија ги отфрли ваквите наводи како „неосновани“, но не објасни што се случило.

Трамп изјави дека Саудиска Арабија ќе се соочи „тешка казна“ доколку била вклучена во исчезнувањето и наводното убиство на Кашоги.