Иранските медиуми објавуваат дека 14 граничари, вклучително разузнавачи од Револуционерната гарда, денеска биле киднапирани на јужната граница со Пакистан.
Официјалната новинска агенција ИРНА известува дека граничарите биле киднапирани меѓу 4 и 5 часот наутро од терористичка група во областа Лулакдан.
Лулакдан се наоѓа на околу 150 километри југоисточно од Захедан, главниот град на југоисточната провинција Систан-Блучистан.
Од вкупно 14 киднапирани лица, двајца биле членови на разузнавачката единица на Револуционерната гарда и седум биле волонтери во милицијата Басиј вклучени во „безбедносна операција.“
Останатите биле граничари, се вели на државната веб страница „Клуб на млади новинари.“
Во извештаите не е наведена специфична група осомничена за киднапирањето.