Италија бара ЕУ фондови за мали бизниси во Русија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави дека на самитот на Европската унија на 18 овој месец ќе побара од лидерите на Унијата да им дозволат на Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој да финансираат мали и средни претпријатија во Русија како што и беше пред санкциите воведени во 2014 година. Според извори во Брисел, тешко ќе биде ваквиот предлог да биде прифатен на овој самит, но може да се очекува тоа да биде направено на состонокот на лидерите во декември. Италија смета дека треба да се финасираат малите бизниси во Русија, бидејќи тие немаат тесни врски со Кремљ како државните големи фирми.