Пратеничката Маја Морачанин ја доби поддршката од Кадровската комисија на ДОМ за претседател на партијата, како предлог од општински организации, МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор, по што предлогот ќе оди на конечно утврдување пред Централниот одбор, последен пред Конгресот на 28 октомври 2018 година, соопшти партијата.
Морачанин има дваесет годишно работно искуство во приватниот здравствен сектор, водејќи сопствена ординација за физикална медицина и рехабилитација како специјалист физијатар. Таа е дел од ДОМ е од самиот почеток, така што била активистка и потпретседателка на општинската организација во Карпош, потпретседателка и претседателка на Форумот на жени, портпарол и член на Извршниот одбор на партијата.
Таа треба да ја наследи долгогодишната претседателка Лиле Поповска, која претходно побара партиските колеги да не ја кандидираат за уште четврти претседателски мандат.