Иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини САД дека „сакаат да го променат режимот во Иран, при што користат психолошки и економски систем на дејствување за да ја примораат земјата на тоа“, објави новинската агенција Асошиејтед прес.
„Намалувањето на легитимноста на системот е нивна крајна цел. Кога велат ослободете се од тоа, режимот се менува со свои зборови, како се случува промената на режимот? Со намалувањето на легитимноста“, изјави Рохани во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу Иран и САД се интензивираа откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од мултилатералниот договор за нуклеарната програма на Иран во мај и повторно ги воведе санкциите кон Иран.