Во новата истрага на СЈО, „Поштенска банка", пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд се изведени Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, бизнисменот Томе Главчев и Коле Смилевски, директор на „Поштенска банка", тројца од деветмината обвинети.
Од СЈО бараат притвор за тројцата осомничени, а ги сомничат за кривично дело сторено во период од 2001 до 2010 година. Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.