Шестнаесет мртви од ураганот Мајкл во САД

Властите соопштија дека бројот на жртви во САД од ураганот Мајкл до сега изнесува 16, објави новинската агенција АП. Се очекува да се зголеми бројот на загинати бидејќи нема информации за загинати од крајбрежните населени места како Мексико Бич, Порт Сеинт Џо и Панама на Флорида.

Во тек е акција за пребарување на најтешко погодените места во Флорида, а спасувачките тимови велат дека пристапот до тие места е речиси невозможен поради опустошените делови, објавија американски медиуми.