Проблемот на Македонија е спор за име, не е проблем на независност, Грција никогаш не ја администрирала Северна Македонија, така што барањата на Грција во однос на името не претставуваа во ниеден случај прекршување на правото на самоопределување на македонскиот народ, вели во интервју за МИА, Ерик Давид, професор по меѓународно право од Слободниот универзитет на Брисел (УЛБ) и еден од најугледните европски професори по меѓународно право.
Професорот вели дека „на лично ниво смета дека грчките барања се претерани, и додава дека не гледа никаква закана за македонскиот народ од овој Договор и воопшто, како што вели, „не се согласува со обвинувањата дека со него е нарушено правото на самоопределување на македонскиот народ.