Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија во јануари. За ова денеска разговарале српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин.
„Вучиќ на средбата изјави дека е чест за Србија повторно да биде домаќин на претседателот Путин и дека Белград ќе ги покаже сите широчини на српското гостопримство“, информираше Службата на српскиот председател за соработка со медиумите.
Најавено е дека наскоро ќе се одржи седница на Мешовитиот меѓувладин комитет за соработка, со цел да се подготват конкретните заеднички проекти во областа на економската соработка и во интерес на зголемување на трговската размена меѓу Србија и Русија и нивниот економски напредок, се наведува во соопштението.